Заминувањето на Зинедин Зидан од Реал Мадрид буквално ја шокираше комплетната спортска јавност на Пиринеите, но во таа насока сега оди и соопштението кое го пренесе европскиот шампион кога е во прашање наследникот на францускиот стручњак.
Во изминативе две недели се споменуваа различни имиња како Маурицио Покетино, Антонио Конте, Тите, Вилјаш Боаш и Гути, но на крајот, конечниот избор паднал на човекот кој во ниту еден случај не беше прозван од медиумите, а всушност станува збор за добро познато име.
Хулен Лопетеги, актулениот селектор на Шпанија ќе го преземе кормилото на клупата на Реал и ќе биде нов тренер на тимот по завршувањето на мундијалот во Русија.
– Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Реал Мадрид по завршувањето на мундијалот во Русија, – гласи краткото и официјално соопштение на „кралевите“.