Заев и Димитров на средба со Иванов
Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе се сретнат со претседателот Ѓорге Иванов, кому ќе му го презентираат постигнатиот договор за спорот со името.
На средбата, Заев и Димитров ќе се обидат да му објаснат на Иванов зошто Република Северна Македонија е најдоброто можно решение и што добива Македонија со истиот.
Инаку, пред постигнувањето на договорот, од кабинетот на Иванов испратија остро соопштение со акцент на преговорите, а со чија содржина може да се види дека тој ќе се противи на потпишувањето евентуалното изгласување на договорот во Собранието.