Иванов: За мене личниот договор меѓу Заев и Ципрас е неприфатлив
Мојот став е конечен, нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор, изјави на прес-конференција македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Тој истакна дека денеска за прв пат имал увид во договорот со кој, како што рече, прекршени се позициите кои досега беа изградени.
Претседателот додаде дека со договорот не се предвидува само промена на името, туку и промена на преамбулите, меѓу кои и бришење на членот од уставот за македонското малцинство.
„Договорот нема правна сигурност и гаранции за македонската страна. Грција успеа да ги исполни нејзините барања. Тоа што го направи со Македонците во Грција, преку договорот настојува да го направи и со Македонците во Македонија“, заклучи Иванов.