СОСТОЈКИ:
5 кг домати
2 чешниња лук
2 моркови
2 главици кромид
поголем целер
магдонос
мајчина душица
маслиново масло
сол
конзерванс
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исчистете ги доматите и исечкајте ги на половина. Исчистете ги и исечкајте ги морковите, целерот и кромидот и сè ставете во сад. Додајте иситнет лук, мајчина душица, магдонос и два часа гответе на умерен оган. Потоа испасирајте и гответе уште еден час. Дури тогаш додајте сол и конзерванс.
Врелиот сос ставете го во тегли, а кога ќе се излади, прелијте со маслиново масло и затворете.