Бошњаковски: Владата едногласно го разгледа и усвои извештајот за договорот
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски по затворената седница изјави дека Владата едногласно го разгледа и усвои извештајот за договорот за името.
Ќе се декласифицира договорот и веќе е закачен на веб страницата на Владата.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги информирал останатите за текот на процесот и за чекорите кои следат, вели Бошњаковски.
Конечен збор ќе дадат граѓаните на референдум, додаде портпаролот.
Утре ќе има детаљи кога и каде ќе се потпише договорот со Грција за името.