Хулен Лопетеги вчера беше назначен за нов тренер на Реал Мадрид, а веднаш после неколку часови се појавија информации дека од Шпанската фудбалска федерација се бесни затоа што селекторот преговарал за клупски ангажман без нивно знаење и веднаш реагирал претседателот на шпанската федерација, Луис Рубиаљес заедно со раководството, без никакви размислувања му го раскинаа договорот за соработка пред самиот старт на големото натпреварување во Русија.
Ова е голем стрес период за шпанската репрезентација, но и голем удар за Лопетеги од едноставна причина што напорно работеше со селекцијата за да освои титула на овој Мундијал. Сега како на лошо да се заврте топката и секој новинар гледа што повеќе лошо да напише, но и нешто што не оди во прилог на Лопетеги да извади од минатото.
Најнова информација дадена во минатото, новинарите успеале да ја извадат за фудбалерот на Реал Мадрид, во која Хулен Лопетеги го критукува и кажува дека за таков играч во неговиот ростер нема место.
– Фудбалерите кои се во Реал Мадрид мора да даваат се од себе,односно повеќе од 100% цело време во играта. Оние што не можат да играат со такво темпо, не треба да се во овој клуб. Кога се работи за Бејл, мора да разбере дека Ла Лига не е иста со Премиер лигата, многу е поразлична и начинот на фудбал кој се игра. Фудбалер како Бејл дефинитивно не би имал место во мојот ростер на играчи, – изјави Лопетеги пред три години, со што веќе е јасно дека Велшанецот ќе го напушти кралскиот клуб.