Драма на Клиника: Невенчан сопруг на медицинска сестра агресивно се однесувал
Во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје, вчера во 11.30 часот, во моментот кога медицинска сестра давала медицинска помош на пациент, во ординацијата влегол нејзиниот невенчан сопруг Х.Б. од Скопје, кој почнал агресивно да се однесува.
Тој бил спречен од обезбедувањето, кое го отстранило од ординацијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.