СОСТОЈКИ:
250 гр брашно
3 јајца
120 гр путер
180 гр шеќер
1/2 кесичка прашок за печиво
2-3 лажици јогурт
кора од лимон
100 гр лешници или бадеми
1/2 кг исчистени зрели вишни (засладени)
шеќер во прав за посипување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Обложете калап со хартија за печење.
Пенасто разматете жолчки, шеќер и путер. Додајте брашно измешано со прашок за печиво, јогурт и изрендана кора од лимон па сè измешајте.
На крај разматете снег од белки па со лажица нежно со мелените лешници измешајте го во смесата.
Излејте ја смесата во подготвениот калап и распоредете вишни по површината.
Печете го колачот 25-30 минуит на 200 степени додека не поприми златножолта боја.
Кога ќе се излади, по желба посипете го со шеќер во прав.