Полицијата приведе 10 лица на вчерашните протести во Скопје
Десетина лица се приведени по вчерашниот протест откако кон кордонот полицајци фрлале со шишиња, шипки, конзерви, информираа од МВР.
Според информациите во полицискиот билтен, вчера во периодот од 19.30 до 23.00 часот на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје, пред Собрание на Република Македонија се одржал јавен собир. За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“. кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален).