Циклонот „Силвија“ и денеска ќе прави пустош

Циклонот „Силвија“ и денеска ќе прави пустош

Продолжува влијанието на моќниот циклон Силвија  кој во текот на вчерашниот ден (среда) донесе големо невреме во голем дел од државава предизвикувајќи штети и паднати дрвја во скопскиот регион а на многу места е регистрирана и појава на град, објавува метеорологот Славчо Попоски.
Во текот на денешниот ден, четврток претпладнево на запад ќе има нешто повеќе сончеви периоди додека на исток ќе биде променливо и нестабилно со локална појава на дожд и услови за грмежи.
Од пладневните часови па натаму ќе биде нестабилно на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинензивини проследени со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Во зоната на големата нестабилност има услови за значително количество на воден талог за кратко време кое може да услови локални поројни поплави.
Треба да знаете
Последни објави