Го кремирале, а тој година дена потоа се вратил дома
Една Јапонка некој давеник го идентификувала како својот исчезнат маж, па се шокирала кога мажот, по година дена, дошол дома здрав и жив.
Токиската полиција денеска соопшти дека телото пронајдено во јуни 2017 година во една река било на друг исчезнат човек.
Тоа тело по „позитивната“ идентификација на жената и двајца роднини е предадено на нејзиното семејство, а дека тоа било грешка се утврдило овие денови кога жената ја известила полицијата дека нејзиниот исчезнат маж сепак се вратил дома.
Полицијата не соопшти каде бил тој цела година и што правел. Во меѓувреме пепелта од кремираното тело на давеникот ќе биде предадено на неговото семејство.
Полицијата се извини поради грешката и вети дека ќе преземе мерки вакви работи да не се повторат.