Мирчески: Имаме историски договор – обезбеден македонски идентитет и влез во ЕУ и НАТО!

Мирчески: Имаме историски договор – обезбеден македонски идентитет и влез во ЕУ и НАТО!

Претседавачот на Централиот одбор на СДСМ, Пеце Мирчески вчера попладне беше во посета на Велес каде што се сретна со граѓаните и подржувачите на партијата.

Мирчески разговараше со граѓаните за реализираните мерки кои значат поквалитетен живот за граѓаните, за инвестициите во инфраструктурата, странските инвестиции и намалените трошоци за живот. Се зборуваше и за актуелната политичка ситуација во земјава и историскиот Договор за решавање на две и пол деценискиот спор што Македонија ја влечеше надолу.

-Се постигна историски договор, договор кој значи гаранција и обезбеден македонски идентитет, Македонски јазик, Македонец, Македонка….Кога велиме ДА за македонската иднина, тоа значи сигурна и стабилна иднина, повеќе пари, инвестиции, раст и развој. Членство во ЕУ и НАТО тоа го носат, рече Мирчески.

Затоа, додаде Мирчески поготвени сме да водиме и ве повикуваме да не следите. Да кажеме ДА за Македонија која чекори напред, за перспективна и силна Македонија, да кажеме ДА за економски раст и развој и европски животен стандард на граѓаните на оваа држава. Да кажеме ДА за македонската иднина!, рече Мирчески.

Треба да знаете
Последни објави