Пратеничка ги повика Русинките да не спијат со странци

 Русинките не треба да спијат со странците кои ќе пристигнат за Светското првенство, бидејќи ќе останат самохрани мајки, смета руската пратеничка Тамара Плетњова.

 

Според 70-годишната пратеничка, доаѓањето на стотици илјади мажи во Русија значи дека „ќе има жени, кои ќе излегуваат со нив, а некои ќе останат бремени и ќе родат деца“.

– Меѓутоа се надевам дека нема да го направат тоа, истакна пратеничката, која е претседател на Комисијата за прашањата на семејството, жените и децата.

Плетњова  наведува дека за време на Олимпијадата во 1980 година многу Русинки родиле деца од странци, а дел од нив биле од „друга раса“.

–  Децата родени од мешани двојки најмногу страдаат и така e уште од советско време, бидејќи најчесто мајките се принудени сами да ги одгледуваат, а татковците ја напуштаат земјата штом натпреварувањата ќе завршат, истакна таа.

Плетњова смета дека Русинките треба да се мажат за „руски државјани, да создаваат стабилни семејства и мирно да живеат“.

Нејзините ставови предизвикаа бран од негодувања и лавина од критики на руските социјални мрежи.

Треба да знаете
Последни објави