Убиена девојка, неколку повредени – затворена главната железничка станица во Минхен
Една жена е убиена, а уште четири лица се повредени во напад со нож кој денеска се случил во Минхен.
Убиена е 25-годишна девојка, додека нејзината мајка е тешко повредена, како и братот, јави електронското издание на „Билд“.
Повреден е и напаѓачот (19) кој успеал да избега.
Други детали за сега не се соопштуваат.