Драма во Скопје: Се симнувал со внуката од автобус, па добил удар од зад грб
Вчера околу 13:40 часот во село Арачиново, скопско, 33-годишниот Џ.Ш. од село Арачиново, кога слегувал од автобус заедно со десетгодишната внука, од позади грб физички бил нападнат од лицето А.Д. од село Арачиново.
При нападот, девојчето не било повредено. Причина за нападот е недоразбирање во сообраќајот, кое настанало помеѓу напаѓачот и нападнатиот истиот ден на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.