(Фото) Карлеуша голa во боите на Србија за Мундијалот
Сопругата на српскиот репрезентативец Душко Тошиќ, српската пејачка Јелена Карлеуша, ги привлече машките очи со една секси фото-сесија. Таа е скроз гола, обоена во српското знаме. За српски „Телеграф“ зборува за Светското првенство, за шансите на Србија и за нејзиниот Душко.
Карлеуша се фотографирала за некое издание во Русија, кое ги третира сопругите на фудбалерите. Впрочем, неа ја вброиле во најтесниот круг најсекси сопруги, па вели дека оди на СП да ја оправда титулата. Ја чепнаа и за убавите Бразилки, кои ќе им бидат нивни ривалки кога е во прашање естетиката на трибините, во мечот Србија – Бразил.
За Србија смета дека ќе направи големо изненадување, а за незиниот сопруг, дека ќе покаже дека е најдобар дефанзивец.