Пожарникарите и полицајците се борат со водената стихија која го поплави Свилајнац

Пожарникарите и полицајците се борат со водената стихија која го поплави Свилајнац

Претседателот на општина Свилајнац Предраг Милановиќ изјави утрово дека водата во Кушиљево се повлекува, и дека почнало отстранување на последиците и формирана е комисија за проценка на штетите.

 

„Работевме цела ноќ на испумпување на водата од објектите, сега се расчистуваат улиците и се врши дезинфекција, работиме и на оспособување на инфраструктурата како во Кушиљево така и во уште 4 месни заедници кои се поплавени, речи Милановиќ.

Тој истакна дека во Кушиљево, која најмногу било поплавено, водата е исправна за пиење, зошто снабдувањето со вода е од водоводот кој го напојува и Свилајнац.

„Комисијата за проценка на штетите ќе работи и утре, за да може резултатите од проценките во понеделник и вторник да ги соопшти во Владата на Србија и од таму да побара помош“, рече Милановиќ.

Обилните врнежи, надојдениот селски поток во Кушиљево кој се излеа, предизвика поплава во текот на ноќта во четвртокот спрема петокот во ова најголемо село во Свилјанац и во Ресава каде живеат над 3000 жители.

-Водата влезе во 30 домаќинства, а над 100 домаќинската имаат „некаква штета“, а поплавени се и над 100 хектари ораници. Нема жртви, ниту повредени, рече Милановиќ.

Освен во Кушиљево, помали поплави имаше и во месните заедници Шуринац, Суботица, Седларе и Роѓевац. На терен цело време биле членовите на општинскиот штаб за елементарни непогоди, пожарникари, спасувачи и полиција, како и општинското раководство, јавните комунални претпријатија со механизација, кои им помагаа на жителите.

Треба да знаете
Последни објави