Нимиц, Ди Карло, Могерини и Хан ќе сведочат на потпишувањето на договорот
Метју Нимиц, Розмари Ди Карло, заменичката на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, Федерика Могерини и Јоханес Хан ќе бидат сведоци на потпишувањето на договорот за името.
Потпишувањето ќе се случи утре во 9.30 часот во Преспа на грчка страна меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција,Никола Димитров и Никос Коѕијас.
Настанот е поделен на два дела, и тоа првиот во Република Грција (потпишување) и вториот во Република Македонија (средба и заеднички ручек).
Во македонската официјална делегација освен премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе бидат вицепремиерите Бујар Османи, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски.
Законот за ратификација планирано е да помине на Владина седница во понеделник и ќе биде испратен во Собранието.