Демонстрантите повикаа на протест утре во 11 часот пред Собрание
Насобраните граѓани пред Собранието повикаа утре во 11 часот на протест поради промената на името и Уставот, кога започнува седницата на која на дневен ред е токму договорот со Грција.
Го повикаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утре да го напушти Собранието и да му се придружи на народот.