Од УБК извлековме едвај 3 проценти од бомбите, истакна укажувачот Лазаревски
Од УБК извлековме едвај 3 проценти од прислушуваните материјали, рече Ѓорѓи Лазаревски, едниот од укажувачите кој го пријави и документираше прислушувањето на работилницата – 2 години од (не)применување на Законот за “свиркачите” во организација на НВО Инфо Центар и Транспарентност Македонија.
Лазаревски истакна дека во 2010 година кога решиле да станат укажувачи, немале институција каде можеле да се обратат.
„Баравме личност која може да се носи со тежината на случајот. Затоа се обративме до ексдиректорот на УБК, Звонко Костовски. Во тој момент ги дадовме не само информациите, туку и нашите судбини и судбините на нашите семејства. За среќа не се осудија да преземат дејствија со трајни последици, идејата беше да обвинат друг за кривично дело. Два дена пред бомбите јас бев во МВР да пријавам, а средбата ја организираше Звонко. Бев 12 часа во МВР, по што добив притвор“, рече Лазаревски.
„Спогодбата на Звонко беше мудар потег. Тоа беше нотирано и во Извештајот на Прибе. Звонко е јунакот на Македонија кој ги обезбеди бомбите. Алтернативата беше да се обвини СДСМ за злосторничко здружување. Имаше обвинение кон фиктивен странски фактор”, додаде Лазаревски.