После 8 години брак дознала шокантна вистина за сопругот
„Сексуалниот живот ни беше нормален, имавме две деца. Вистина, никогаш не го доживував како некој страствен љубовник и обично јас иницирав секс, но сепак…Дали погрешив во тоа?“
Откритието дека еден од сопружниците е всушност хомосексуалец, луѓето го доживуваат како уште поголема измама од обично неверство, бидејќи самото влегување во брак, како и љубовта, од почетокот биле лага.
Љубовни советници, сексуални терапевти и психолози тврдат дека е многу поголем бројот на луѓе со хомосексуални склоности кои се во хетеросексуален брак отколку што можеме да замислиме, а нивните причини за тоа се најчесто срам пред друштвото, желбата да водат нормален живот и да имаат деца.
Проблемот е во тоа што тие и пред својот сопружник ја кријат вистината – од страв дека тогаш ништо не би било од бракот. Постои и голем број од нив кои се надеваат дека со тој потег ќе престанат да бидат хомосексуалци, односно дека со своето однесување ќе влијаат врз нивните склоности.
Тоа е најчесто невозможно, а токму една таква исповед пренесува порталот „Saloon”.
„’Јас ќе бидам твојот чувар, а ти ќе бидеш лошиот затвореник.’
Откако ги прочитав тие зборови во чет пораките на мојот сопруг и друг маж, почувствував како на момент кислородот да е исчезнат од просторијата. Се сеќавам дека ја ставив раката на градите, барајќи воздух, додека светот кој го познавав почна да се руши околу мене.
Беше изненадувачки цивилизиран и подготвен на компромис додека го завршувавме својот осумгодишен брак на суд. Разводот беше готов пред трагата под мојот венчален прстен да успее да избледи. Не можев да го поднесам сожалувањето на луѓето, или нивното исмевање. Затоа што имав две деца коио требаше да ги израснам, одлучив да се преселам стотици километри подалеку. Ќе добиеме нов почеток, далеку од сите кои не` познаваат.
Додека ги средував работите во мојот дом, наидов на транскрипт од разговорот кој го уништи мојот брак. Додека на брзина ги скенирав сега веќе познатите зборови, нешто ново ми го привлече вниманието. Затвореникот зборуваше за интернет страницата на мојот сопруг. Интернет страница? На брзина гуглав.
Бинго, со неколку кликови. Зјапав во фотографиите од пенисот на мојот сопруг. Но, не и во неговото лице, тоа беше непотребно.
Фотографиите биле направени во нашиот дом, на нашиот мебел. Имаше блог на кој ги пишувал своите диви сексуални искуства, а дури и споменал како успешно живее семеен живот на друга страна. Тоа беше болен, траен доказ за лагите на кои беше заснован мојот брак – постовите таму стоеле од самиот негов почеток, мојата прва бременост, раѓањето на второто дете…
Толку години ме лажел и јас наивно верував во работата до доцна навечер, викенд-работите во канцеларија. На блогот пишувал за наоѓањата со странци во хотели, состаноци во близина на училиштето од нашите деца….
Животот ми се смачи. Сега разбрав зошто разводот беше толку лесен – пресметлив каков што е, сакал што побргу да се извлече од се`. Пред ова, дури и го сожалував, верувајќи дека дури и се обидувал да ги почитува своите брачни завети и силно се трудел да оди против своите сексуални склоности, додека не пукнал.
Дали имаше знаци? Па, и не баш. Сексуалниот живот ни беше нормален, имавме две деца. Вистина, никогаш не го доживував како некој страствен љубовник и обично јас иницирав секс, но сепак…Дали погрешив во тоа?
Се` му припишував на стресот, уморот и неговата напорна работа, не ми паѓаше на памет дека имал секс во тројка со двајца мажи тој ден во хотел.
Дали сум јас виновна? Дали потфрлив како сопруга? Како можев да влијаам врз неговите склоности? Ми се гадеше идејата дека спиел со мене откако прошол цела чета на мажи.
Долго време ми требаше да си дојдам при себе, но морав да продолжам понатаму, првенствено поради децата. Фала му на Бога, денес имам подобар живот од претходно, барем не живеам во лага. Тој е уште дел од животот на моите деца, па и од мојот. Децата знаат дека е хомосексуалец и ништо повеќе од тоа. Се надевам дека никогаш нема да дознаат.“