Белгискиот репрезентативец Еден Азар од Русија порача дека наскоро би можел да го напушти лондонски Челси.
„Останувам единствено во случај да се засилиме како што треба, во спротивно, јас си заминувам. Реал Мадрид знае што треба да направи ако навистина ме сака и сите знаат дека тоа за мене е интересна идеја“, порача Еден Азар.
Белгискиот крилен напаѓач веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но вели дека тој не сака да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ по секоја цена.
„Мора да постои проект кој ќе ме привлече, како што беше случај кога пристигнав во Челси. Сепак, сега сум фокусиран што е можно подобро да одиграм на Светското првенство, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави Еден Азар.