Возач на мопед бил повредне вчера во сообраќајна несреќа во Охрид.
Според полицијата, несреќата се случила во 22.30 часот на крстосницата од ул.„Марко Нестороски“ и ул.„Богомилска“во Охрид дошло до судир помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (62) од Охрид и мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од И.В. (29) од Охрид.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил пренесен и задржан на лекување во Болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.