Тешка сообраќајка, мотор се заби во автобус

Тешка сообраќајка, мотор се заби во автобус

Страшна сообраќајка се случила вчера околу 14.40 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево кога дошло до судир помеѓу автобус непозната марка, патичко возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ч.  мотоцикл „Јамаха“ со словенечка национална ознака, управуван од 36-годишниот В.Р. од Република Словенија и мотоцикл „Јамаха“ со  словенечка национална ознака, управуван од 37-годишниот С.Ш. од  Република Словенија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Ш. кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински центар Гостивар, од каде по укажаната лекарска помош бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави