Се одржа осмата по ред традиционална ликовна колонија “Љубанци 2018“
Денеска се одржа последниот ден од осмата по ред традиционална ликовна колонија Љубанци 2018, која се одржуваше од 13-18 Јуни
На затварањето на ликовната колонија, Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски беше на посета и дружба со уметниците учесници и со учениците од Основните Училишта на територија на општина Бутел.
Инаку, на годинешнава ликовна колонија учествуваа дваесетина ликовни творци од земјава и од странство.
Создадeни околу триесетина уметнички слики, главно со мотиви од старата љубанска архитектура и убавините на Скопска Црна Гора.
Од страна на Градоначалникот Велимир Смилевски, беа доделени благодарници на активните учесници на ликовната колонија за нивниот придонес.