Со консумирање на храна која содржи бактерии опасни по здравјето, после одреден временски период, односно период на инкубација, се појавуваат симптоми на труење.
Во зависност од видот и количината на бактеријата, периодот на инкубација може да трае од неколку часови до неколку дена.
Бактериите внесени со храната во системот на органите за варење се создаваат во цревата, каде со нагло зголемување на бројот или со зголемувањето на своите токсини, тие ги уништуваат клетките.
Понекогаш токсините се апсорбираат, па преку крвта стигнуваат во другите органи попречувајќи им ја нивната функција.
Од друга страна, некои бактерии произведуваат многу опасни токсини уште во самата храна.
Со нивно внесување во организмот симптомите се појавуваат значително побргу, бидејќи батериите не мораат нужно да се размножуваат во цревата за болеста да се развие.
Во тој случај можеме да зборуваме за труење од храна.