Вечерва петти ден протести пред Собранието
Протест против промена на името вечерва пак се одржува пред Собранието, под засилено полициско присуство.
Вечерашниот протест за разлика од вчерашниот е мирен и без насилство.
Пред Собранието се слушаат патриотски песни, а демонстрантите го извикуваат името на претседателот на Македонија.
Протестот почна во 20 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Собранието.