Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната седница.
„Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлог – закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, на предлог на Министерството за надворешни работи“, се вели во соопштението на Владата.
Вчера на грчката страна од Преспанското Езеро, Македонија и Грција го потпишаа договорот со кој се предвидува решавање на догогодишниот спор за името.