Најчести причини за грчеви во нозете

Ве мачат грчеви во мускулите на нозете или во стапалото, а не знаете која е причината? Ако ретко ви се случува, не мора да се загрижувате бидејќи за нив науката и нема дадено објаснување.

 

Ако грчевите се јавуваат повремено, најчесто после подолго одење, тоа не е причина за загриженост. Исто така не се сметаат за проблематични грчевите што ќе ве „пресечат“ еднаш-два пати месечно.

Но, ако се случуваат почесто, има неколку причини за тоа.

Ако забележувате силни грчеви по одење на помала оддалеченост или се јавуваат повеќе пати неделно, побарајте помош од лекар.

Не треба да ги занемарувате ни ноќните грчеви што се јавуваат додека мирувате. Тие најчесто се должат на неуропатија, односно воспаление на нервите.

Недостиг на магнезиум, зголемено темпо на физичка активност, проблеми со штитната жлезда, бременост, лекови за намалување на холестеролот и болести на црниот дроб се најчести причини за грчеви во нозете.

Со внесување на дополнителна доза магнезиум во исхраната и редовни вежби за истегнување пред спиење може да ги ублажите или целосно да ги спречите болните грчеви.

Ако грчевите продолжат и се зачестат, секако побарајте лекарска помош.

Треба да знаете
Последни објави