Пред Собранието на Македонија изутринава е мирно по синоќешните насилни протести. Барикадите се остранети, а сообраќајот по улиците околу собраниската зграда се одвива нормално. Забележливо е помало полициско присуство.
25 демонстранти се приведени, а седум полицајци и две жени завршија со повреди за време на протестите и според информациите од ургентниот центар сите се со полесни телесни повреди.
Од МВР најавија дека повеќе информации за вчерашните случувањата пред законодавниот дом ќе бидат соопштени во текот на денов.