Лекарите ја препорачуваат, сирова или варена, во секојдневната исхрана и тоа во неограничени количини.
Доцната есен е сезоната на чичоката, дивиот компир или Ерусалим артичоката. Лекарите ја препорачуваат, сирова или варена, во секојдневената исхрана и тоа во неограничени количини, бидејќи е многу здрава.
Особено им се препорачува на дијабетичарите, бидејќи содржи олиго-фруктозен инулин – растворлив полисахарид ослободен од скробот, кој ги негува добрите бактерии, го одржува имунолошкиот систем во функционална состојба и спречува појава на инфекции.
Чичоката е богата со витамините А, Ц и Е, кои заедно со флавоноидите како што е каротенот ги блокираат слободните радикали и така штитат од воспаленија и настинки. Поради високата содржина на калиум, таа е мелем за цврсти коски, а интересно е дека е една од најбогатите ризници на железо.
Таа е значителен извор и на фолна киселина која е задолжена за продукција на црвените крвни зрнца. Го чува срцето, ја разубавува кожата и косата, а бидејќи содржи многу малку калории, им се препорачува и на лицата кои сакаат да ослабат.