Заев најави импичмент за претседателот Иванов
Парламентарното мнозинство ќе се окрупни и ќе достигне до двотретинско мнозинство, ако е тоа потребно заради импичмент за шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Ова вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 го соопшти премиерот Зоран Заев, објаснувајќи ги напорите за имплементацијата на Договорот со Грција.
Претседателот Иванов резолутно најави дека ќе се спротивстави на ратификацијата на Договорот, а ова е прва најава на премиерот дека Иванов ќе биде соочен со импичмент.