Како да го надминете стравот од теретана?

Дали се чувствувате непријатно во теретана? Тоа е сосем нормална работа, барем првите неколку пати. Додека да ја стекнете навиката на одење во теретана секогаш ќе се чувствувате несигурно, бидејќи не познавате никого и не знаете што треба да правите. Но, не грижете се, бидејќи постојат начини да го отстраните стравот.

 

Листа од совети за сите оние кои се чувствуваат несигурно во првите чекори во теретана.

Не плашете се да побарате помош

Нема потреба да се плашите од теретаната и да го комплицирате одењето во неа. Не плашете се да ги прашате тренерите за некаков совет во случај да сте збунети. Сите биле збунети кога првпат отишле во теретана, но и сите успеале да го пребродат тој страв. Стравот ќе исчезне кога ќе ја прифатите теретаната како ваш терен.

Поведете друштво

Најлесниот начин за ослободување од стравот е да отидете во теретана со пријател. Не само што тој може да ви помага додека вежбате, туку и нема да се чувствувате осамено.

Немојте да брзате

Додека сте почетник во теретана, не брзајте со вршење на вежбите, без разлика дали се работи за лентата за трчање, точакот или пак клупата за подигање тежина. За почеток, пробајте со полесни вежби и потоа постепено прогресирајте.

Најдете алтернатива за тешките вежби

Ако сакате да подигате тежина, мора да знаете дека тие вежби се резервирани за оние кои не се почетници. Најдете нивна алтернатива, па кога ќе ги совладате полесните верзии на тие вежби, префрлете се кон вежбање со тегови и поголеми тежини.

Треба да знаете
Последни објави