Денес е јасно кои беа аргументите за ослободитeлна пресуда за Поткуп, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција во Собранието.
„Некој преземал обврска Македонија да ја стави во потчинета состојба. Власта не дава можност за расправа, туку брза. Ако договорот е добар зошто ја менуваат матичната комисија, и брзаат во еден ден? Зошто не организираат прослава ако е договорот е толку добар?“, праша Милошоски.
Тој додаде дека ова е уцена што некој преземал обврска да ја оствари.
„Со овој договор Македонија сама ја поништува пресудата на Меѓународниот суд која беше во наша корист. Со договорот се откажуваме од успесите до сега и 140 земји кои не признаа под уставното име. Владата го злоупотреби европското знаме. Договорот е антиуставен и понижувачки“. рече Милошоски.
Тој додаде дека договотот со Бугарија немал европско знаменце, што е доказ дека власта не ги почитува правните норми.