Француските готвачи тврдат дека го имаат не само најдобриот, туку и единствениот начин на кој треба да се приготвува пире од компири.
За да добиете совршено пире што нема да се стегне и да стане цврсто за неколку минути, а нема да биде ниту кашесто, треба исчистениот и исечкан компир да го сварите во павлака за готвење, а не во вода.
На тој начин ќе добиете пенасто и кремасто пире, тврдат француските готвачи. Ова е нивниот рецепт:
250 мл павлака за готвење
1 кг компири
3 лажици маслиново масло
3 лажици путер
Сол
Во тенџере ставете ја павлаката за готвење и потоа додадете го исчистениот компир, ситно насечкан. На тоа додадете ги и останатите состојки и други зачини по желба. Ставете капак на тенџерето и оствете го полека да се крчка 20-тина минути. Процедете ги компирите и испасирајте ги, а ако сакате да ја разредите смесата искористете ја течноста во која го варевте компирот. Додавајте мало количество течност за да не добиете кашеста смеса.