Германската канцеларка, Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон ќе се состанат денеска во Берлин, во очи самитот на Европската Унија што ќе се одржи следната недела, за да ги усогласат ставовите за иднината на ЕУ.
Макрон лани предложи темелни реформи во Европската Унија, на што Меркел одговори дури на почетокот од овој месец.
Таа се согласи со Макрон дека е неопходно да се зајакне еврозоната и да се променат прописите за мигрантите, но заега постојат различни ставови на кој начин би се направило тоа.
Состанокот во Берлин се одржува во момент кога Меркел е соочена со ултимативно барање на нејзините коалициони партнери во владата, за промена на мигрантската политика.