Секако дека не е штетна, а еве и зошто.
Ако пијте газирана вода во која нема шеќер, нема вештачки засладувачи, не мора да се грижите бидејќи таа вода која ја пиете во текот на денот е само една вода.
Тоа е идеален начин да се освежите во летните денови, а истовременода направите вашиот организам да биде постојано хидриран.
Дури и една медицинска студија покажа дека, спортистите дехидрираат помалку доколку после вежбање конзумираат кисела вода.
Сигурно многу пати сте слушнале дека таа „подува“, но баш напротив газираната вода во себе има растворен гас кој помага при надуеност, го смалува притисокот во цревата и олеснува.
Не содржи калории, туку јаглерод диоксид и дава чувство на заситеност со што е совршен за оние кои се на диета. Интересно е тоа дека освен што хидрира и освежува, таа штити од бактерии и е хемиски безбедна.