Две лица, од кои едното потешко, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Велес.
Според информациите на МВР, вчера 11.20 часот на крстосницата од ул. АСНОМ и ул. Андон Шурков во Велес дошло до судир помеѓу „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.А.(22) од Градско и „фиат стило“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Т.(30) од Велес.
Од судирот со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „фолксваген поло“, Ѓ.Д. (23) од Градско, а со телесни повреди се здобил возачот А.Т. и сопатничката А.Т.(35) од истото возило. Тие биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.