Жените од Египет отсекогаш биле синоним за убавина и негуван изглед, а интересно е тоа што некои производи за шминкање настанале во палатите на египетските кралици.
Жените од древниот Египет зрачеле со убавина благодарение на природните состојки коишто им биле достапни. Затоа тие имале и квалитетна нега, веројатно многу подобра отколку што имаме ние денес.
Потребни состојки:
– половина лажица пчелен полен
– 1 лажица мед
– 20 грама пчелен восок
– 2- 3 капки прополис
– 70 милилитри масло по желба (кокосово, маслиново, арганово, бадемово)
– неколку капки етерично масло – по желба
Подготовка:
Чекор 1
Пчелниот восок ставете го во чиста тегла и прелијте го со маслото. Мала количина на маслото тргнете ја на страна.
Чекор 2
Измешајте ги останатите состојки за да добиете густа смеса.
Чекор 3
На пареа загрејте восок и масло да се стопат. Истопениот восок додајте го во претходно подготвената паста и добро измешајте ги состојките додека не добиете кремаста смеса.
Мачкајте се со препаратот наутро и пред спиење, а резултатот ќе биде мека и хидрирана кожа. Маската може да трае и до неколку месеци.