Многумина уживаат во доаѓањето на топлите денови и летното опуштање, меѓутоа тука е и загриженоста од незгодните ситуации поради засиленото потење и непријатната миризба на телото.
Во продолжение прочитајте кои работи го зголемуваат непријатното потење:
Бактерии
При контакт со пот доаѓа до непријатни миризби под мишките, а тие уште повеќе ќе се ослободуваат за време на високите температури, кога сте под стрес или кога се чувствувате анксиозно.
Дебелина
Лицата со вишок на килограми имаат и посилни непријатни миризби.
Мирис на риба
Непријатната миризба на риба е симптом на медицинска состојба која не е толку честа. Ако вашата пот има миризба на риба, тоа можете да го ублажите со користење на дезодоранс и редовно туширање, но и со консумирање на здрава храна.
Исхрана
Лошиот избор на продукти од храната може да ги зајакне „миризбите“. Покрај лук, карфиол и зелка, алкохолните пијалаци и месото исто така ги зголемуваат миризбите.
Лекови
И некои лекови можат да бидат причина за непријатни миризби. Проверете ги нуспојавите од лековите кои ги користите.