Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да го отстрани Никола Калиниќ од екипата и да го испрати дома, откако тој одбил да влезе во игра од клупата за резервни играчи на дуелот против Нигерија.
Секако, целата драма во Хрватска се уште не е завршена, а деновиве хрватските медиуми пренесуваат разни вести околу причината за кавгата помеѓу Далиќ и Калиниќ.
Откако стана јасно дека Калиниќ одбил да влезе во игра од клупата за резервни фудбалери, хрватските медиуми откриваат дека напаѓачот на Милан негодувал како може Крамариќ да добие место во стартниот тим пред него.
Далиќ се обидел да му објасни, но на Калиниќ тоа не го интересирало, по што Далиќ разговарал со своите помошници и било одлучено Калиниќ да биде испратен дома.