(Видео) Во авион за Скопје патник предизвикал инцидент

Во авион за Скопје патник предизвикал инцидент

Еден патник во авион кој летал Лондон – Скопје предизвикал инцидент кога ја нападнал стјуардесата и ја нарекувал со погрдни зборови поради тоа што мислел дека му дала сендвич со свинска шунка.

Инцидентот настанал кога патникот почнал да го јаде сендвичот и помислил дека е свинска шунка.

На амбалажата пишувало дека е од мисирка.

На снимката која ја направил некој од патниците се гледа како стјуардесата му објаснува на патникот дека  е од ќурка и дека во сендвичот нема свинско.

“Работам во ресторани, знам што е свинска шунка. Ова има вкус на свинско, не мисирка. Мора да им кажете на луѓето дека служите со свинско. Јас сум муслиман”, рекол патникот.

И покрај обидот да му објасни дека не е во право и му понудиле да му ги вратат парите, патникот вербално почнал да ја напаѓа стјуардеста: “Ти си глупава кучка, е***а к***о”.

И другите членови од посадата се обиделе да му објаснат на патникот дека шунката не е од свинско, туку од мисирка и дека седвичите не се направени во Македонија, туку во Унгарија, каде што е седиштето на компанијата.

 

Треба да знаете
Последни објави