Состојки:
3кгр вишни марелици
3кгр шеќер
1,5литар вода
2-3 пакетчиња лимонтус
Подготовка:
Измиените и исчистени вишни се редат во шерпа и се посипуваат со шеќерот и лимонтусот. Се оставаат да одстојат на ладно 3 часа. Повремено ги промешувате, шерпата, ја налевате со вода. Ја ставате шерпата на тивок оган и промешувате. Со чиста лажица ја вадите пената во еден тањир. И варите околу 8-10 минути. Целиот состав го поминуваме со миксер/ блендер. Низ ситна цедалка го прецедувате сокот.
Стаклените шишиња кои претходно убаво сте ги измиле ги ставате во загреана рерна. Ги полните стаклените шишиња со топлиот сок, убаво затварате, ги виткате во ќебенце или волнена и ги оставате да отстојат 12 часа.