Лебот има прилично лоша репутација, односно за него се зборува дека придонесува за дебелеење и дека е најдобро да го избегнуваме.
Ако само малку истражите, ќе можете да видите дека лебот не се препорачува бидејќи содржи премногу глутен, а некои експерти дури тврдат дека е токсичен.
Меѓутоа, сепак лебот нема потреба комплетно да го исфрлите од исхраната, а еве и неколку причини за тоа.
Содржи хранливи материи
Постои причина зошто лебот е една од основните намирници во исхраната. За почеток, тој е богат со хранливи влакна, кои се важни за здравјето на цревата.
Покрај тоа, лебот содржи јаглехидрати кои полека се ослободуваат и ви даваат енергија која подолго време ве одржува сити.
Лебот исто така е извор на фолна киселина, која игра важна улога во намалување на ризикот при проблеми со мозокот.
Избирајте го оној од цели житарици
Секако, некои видови на леб се поздрави од други. Како што тврдат експерти, најдобро е да одберете лебот од цели житарици бидејќи содржи повеќе хранливи влакна, има помал гликемиски индекс и повеќе хранливи материи отколку другите, рафинирани видови.
Колку леб треба да јадеме во текот на денот?
Сега кога сте свесни дека не треба потполно да го исфрлите лебот од исхраната, потребно е да знаете и колкава количина треба да јадете во текот на денот.
Мажите и жените на старост од 19 до 50 години не би требало да јадат повеќе од шест парчиња леб дневно.
Но, имајте во предвид дека ако во текот на денот внесувате и житарици од некои други производи, тогаш би требало да јадете помалку леб тој ден.