И вечерва протести против промена на името
Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание.
Демонстрантите порачуваат дека е страшно да се менува државното име и никој не смее да се прашува за тоа. Велат дека меѓународната заедница требала да ја прифати земјата под уставното име.
„Договорот е против сите правила, а некој само си мисли дека може да ги спроведе“, извикуваат присутните.
И вечерва нема распоред во однос на тоа кој ќе говори на протестот, а собраните велат дека обраќањата ќе течат спонтано.
Полициските специјалци се наоѓаат зад Собранието, додека напред се распоредени само мал број припадници на полицијата.