Македонските државјани наскоро ќе можат да патуваат без пасоши, односно само со лични карти низ цел Западен Балкан, откако Собранието го објави указот за ратификација на спогодбата за условите за патување помеѓу БИХ и Македонија.
Спогодбата ќе влезе во сила по истекот на 30 дена од приемот на последното известување дека законските услови се исполнети.
Со тоа македонските државјани ќе може да патуваат само со лични карти во Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ.
Само со лична карта ќе може да се престојува во БИХ максимум 90 дена во период од 180 дена.