Не се сите мажи за брак
Бракот е една важна институција, колку и да губи на значењето со оглед на тоа дека има се повеќе растурени бракови. Пред да стапите во брак, погледнете се во очите и признајте си дали сте за брак или не?
Не сте за брак доколку…..сте неверни, постојано ви е здодевно, постојано мислите како да излезете од дома со своето друштво со кое често останувате заглавени до зори.
Доколку по карактер сте мрзлив маж. Не станува збор само за заработување на пари, туку и за мал милион работи по дома кои чекаат на вас, а вие нема да ги завршите. Полесно ви е да чекате работите да паднат од небо, отколку да земете да се симнете да купите нешто за јадење од маркет или да го прошетате домашното милениче. За децата ич муабет да не правиме.
Не сте за брак доколку дрдорите, например за неизмиените садови. Или ако сметате дека сопругата треба постојано да оди по вас за да го исчисти купатилото после бањање, а вие на тоа да и наоѓате маани. Никој не сака некој постојано да му дрдори, па затоа научете да правите и вие компромиси…..Не сте за брак ако трошите пари на алкохол. Кој сака пијаница? Никој! Доколку имате проблем со пиење побарајте лек, пред да стапите во брак. Исто така не сте за брак доколку немате смисла за хумор…..маж кој не знае или не сака да се смее нека не влегува во брачни води. Намќор на ниту една жена не и прави да се чувствува убаво. Тој е ист како и оној кој често се расправа за секоја ситница, од трошки за леб, до неиспрани шолји за кафе….но секако дека и самата жена треба да знае и таа да прави компромиси