Димитров: На каков јазик зборувате во Македонија? Не зборуваме, скарани сме
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и во екот на најтешките преговори, критиките за потпишувањето на Договорот за името со Грција, знае често да се пошегува или да употреби саркастични досетки на социјалните мрежи на кои е активен.
,,На каков јазик зборувате во Македонија?
Не зборуваме, скарани сме“-напиша вчера на својот ФБ профил, неколку часа по ратификацијата на Договорот за името..
Претходно, за своето обраќање пред Комисијата за европски прашања, напиша:
,,Душата на мегдан денес во Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија…“
– Моето обраќање пред Собраниската комисија за европски прашања, за Договорот со Грција.
Ова е тој говор:
Никола Димитров, како министер за надворешни работи, го стави својот потпис на Договорот за името со Грција и го бранеше пред јавноста и Собранието и неговите работни тела.
Опозицијата и медиумите блиски до неа, често го критикуваат, а од неодамна вадат поранешен текст на неговиот татко Димитар Димитров, поранешен министер во една од владите на ВМРО ДПМНЕ, во кој тој фрла клетва на тој што ќе потпише документ за промена на името, со зборовите-Рака да му се исуши на тој што ќе потпише вакво нешто.
И покрај сериозните критики, па и погрдни зборови упатени кон него, Димитров често изјавува дека силно верува дека токму овој Договор е клучен за иднината на Македонија и дека по секој цена ќе го брани и ќе стои зад него.