Се враќаат долговите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, тврди владејачката партија

Факт е дека Владата предводена од СДСМ одговорно управува со јавните финансии, ја намалува фреквенцијата на задолжување и редовно ги сервисира наталожените долгови.

Со дел од средствата од вчерашните аукции се враќаат стари долгови направени од ВМРО-ДПМНЕ. Овие средства се обезбедени со пониски камати во однос на аукциите во минатото кога се движеле и до 4,60%. Само во месец јуни по основ на претходни долгови, односно за претходно издадени државни хартии од вредност за исплата доспеваат речиси 30 милиони евра, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Лицемерна е ВМРО-ДПМНЕ. После економскиот пустош што го направи, кога граѓаните и државата беа задолжувани и осиромашувани само за да се остваруваат нечии криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за задолжувања. Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорно и домаќинско управување со јавните финансии. Со таквите политики, се отвораат можности за сериозен пад на јавниот долг за неколку години, откако ќе бидат исплатени старите задолжувања оставени од ВМРО-ДПМНЕ, кои со каматите изнесуваат над 2 милијарди евра“, се додава во соопштението.

 

Треба да знаете
Последни објави