Според полицијата, во 01.25 часот изутринава во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата Народен фронт непознато лице насилно влегло во патничко возило „астра“ со намера да изврши тешка кражба.
Полициски службеници од Полициската станица Центар излегле на местото на настанот, при што бил затекнат Б.Ј. (28) од Скопје, кој кај себе имал одземени повеќе предмети. Лицето било приведено во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.